Честитка по повод Бајрам од Бошњачки демократски сојуз

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По повод празникот Рамазан Бајрам, честитка упатија и од Бошњачкиот демократски сојуз. Во честитката наведуваат:

„Во свое лично име и во име на партијата Бошњачки демократски сојуз сакам да им упатам искрени желби за честит Бајрам на моите драги Бошњаци и на сите припадници на исламската вероисповест. Нека овој голем празник ни донесе на сите нас пред се добро здравје и да го поминеме во мир и спокој со најблиските. Месецот Рамазан им донесе на верниците многу радости но и преиспитување во барањето на одговорот на прашањето кој е патот до тоа да бидеме уште подобри луѓе. Уверен сум дека најголемиот дел од вас, тој пат кој не учи да бидеме подобри спрема себеси и другите, го има пронајдено и има оставено длабока трага спрема се во нашата заедница. Со желба да ги поминете овие бајрамски празници во кругот на семејството, заедно со пријателите и комшиите што е наша повеќе вековна традиција“, вели претседателот на Бошњачки демократски сојуз, Мунир Колашинац.