Сообраќајна незгода поладнево се случи на магистралниот патен правец од Охрид кон Кичево, во близина на црквата „Свети Еразмо“, соопшти МИА.
Во незгодата учествувале четири моторни возила, од кои три патнички и едно товарно. Засега нема информации за жртви во несреќата, освен придизвиканата материјална штета.
Сообраќајот на тој патен правец се одвива по алтернативна насока, преку стариот пат од Охрид кон Струга.
