Северна Македонија со години чека пред вратата на ЕУ за почеток на пристапните преговори. Чувството на фрустрација бидејќи процесот не одеше брзо вели дека го чувствува и американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз.
„Eдно нешто што се потенцира во моментов е потребата повторно да се придвижат тие процеси, да се забрзаат напорите и да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана. Треба да преминеме на отвoрање на преговарaчката рамка со Европската Унија“, истакна Кејт Мери Брнз.
Брнз во интервју за ТВ21 уште еднаш кажа јасно дека САД сакаат членството во ЕУ да се движи напред што е можно побрзо.
„САД уште од почетокот беа многу јасни. Го поддржуваме влезот на Северна Македонија во ЕУ. Иако не сме членка на ЕУ, сметаме дека тоа е стратешки интерес на Северна Македонија, на регионот, на ЕУ, па дури и на САД“, посочи Кејт Мари Брнз.
Руската инвазија врз Украина, обидите за руско посредување во други држави од регионов но и обидите за руско влијание на Западен Балкан предизвикаа уште еднаш да се разбере важноста на интеграцијата на државите во евро-атлантските структури. Стравот од дестабилизација беше причина ЕУ да испрати засилувачки трупи на ЕУФОР во Босна и Херцеговина. Од друга страна Косово се погласно почна да бара брзо членство во НАТО, а од друга страна со години се чека либерализација на визите откако го исполни бараниот услов. Во Црна Гора се бара што поскоро формирање нова влада за институциите да можат добро да функционираат.
