Чудесен пијалок ги намалува килограмите и го забрзува метаболизмот, а се подготвува од две состојки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

МНОГУ студии покажаа дека медот е храна која може да помогне во зачувување на нашето здравје, а единствен услов е храната како таква да биде со највисок квалитет. Но неговата комбинација со обична вода има и големи придобивки, пишува Style Craze. Имено, чудесен пијалок кој се состои од само две состојки – млака вода и една лажица мед – е сигурен пат до витко и здраво тело без да се откажете од омилената храна, тврдат нутриционистите.

Антиоксидансите во медот ефикасно помагаат во исфрлањето на штетните токсини, го решаваат надуеноста, го намалуваат заморот, ја стимулираат виталноста, а неговите антибактериски својства го штитат телото од потенцијални инфекции. Дополнително, докажано е дека водата со мед помага при слабеење, што е одлична вест за сите оние кои се обидуваат да ослабат. Ефектот е уште подобар доколку овој едноставен напиток се конзумира наутро на празен стомак.

Сепак, експертите предупредуваат дека постојат одредени несакани ефекти на кои треба да се внимава. Како што објаснуваат, потребно е да се внимава водата во која го ставате медот да не е премногу топла, туку млака, пренесува India Times. Имено, ако медот се помеша со која било течност на висока температура, тој може да стане токсичен и на тој начин да предизвика повеќе штета отколку корист.