Максим Димитриевски, актуелен градоначалник на Куманово, во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 порача дека доколку тој бил министер за надворешни работи ќе му испрател протестна нота на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов поради реинкарнација на фашизмот.
„Ако го слушнете последниот став на г-дин Каракачанов, кој што крајно популистички излегува во јавноста и брка политички поени на бугарскиот политички простор, вие всушност ќе сфатите дека ова е една реинкарнација низ негова призма на фашизмот. И јас доколку бев министер за надворешни работи уште утре ќе го свикав амбасадорот на Бугарија и ќе му врачев протестна нота“, вели Димитриевски.
Тој смета тоа треба да го направат и Владата и Министерството за надворешни работи.
