Дали сте пробале јапонско јаболко? Многу е поздраво од обичното!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За да се добие нивната целосна арома, плодовите мора да бидат целосно зрели. Кога созрева, овошјето станува сочно, слатко и има пријатен вкус, а потоа може да се јаде со лажица.

Може да се каже дека се вистински извор на здравје.

Плодовите се богати со витамини Ц и А и содржат калиум, калциум и железо, поради што поволно делуваат на варењето. Изобилството на влакна во него го прави сојузник на дигестивниот тракт. Ја поттикнува работата на цревата што резултира со исфрлање на токсините од телото и успешно го решава проблемот со запек.

Има лековито дејство при болести на желудникот, цревата, хемороидите, болестите на црниот дроб и жолчката, делува смирувачки на организмот, го опушта и го зајакнува целиот имунолошки систем.

Еден плод од јапонското јаболко содржи 12,6 mg витамин Ц, што сочинува 21% од препорачаната дневна доза на овој витамин. Јадењето овошје богато со витамин Ц го зајакнува имунолошкиот систем, го штити организмот од инфекции и слободни радикали.

Тој е одличен лек за запирање на крварењето и против пукање на капиларите. Доколку ги јадете во текот на зимата, бидете сигурни дека ќе бидете заштитени од настинки и грип. Ова овошје се препорачува и за луѓе кои имаат проблеми со вените.

Јапонското каки јаболко има многу витамин А, кој благотворно делува на кожата. Покрај тоа, концентрацијата на бета-каротен, лутеин и ликопен ќе ѝ даде вистински природен третман за подмладување и ќе ги спречи знаците на предвремено стареење како што се брчките, старечките дамки, темните кругови и опуштените мускули.

Рецепт за вкусен пудинг од јапонски јаболка можете да најдете ТУКА!