Дали Владата го послуша Мицкоски за енергетската криза? – Мицкоски: Имам информации дека ќе се одржат средби

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата како што изгледа ја прифати помошта што и ја понуди лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за набавка на енергенси по поевтина цена отколку берзанската. Мицкоски денеска рече дека има информации дека претставници од извршната власт ќе се сретнат со компаниите кои тој и ги посочи на владата, за набавка на гас и мазут, а додаде дека ВМРО-ДПМНЕ со доставување на контактите, ја завршила својата обврска.

Шефот на опозицијата рече дека не е вистина дека владата помогнала на 72 илјади компании во земјава бидејќи според статистиките на Еуростат, македонските компании се меѓу оние кои плаќаат најскапа струја во Европа.

Мицкоски рече дека сега не е време за дневни политики и дека треба што повеќе да им се помогне на граѓаните и компаниите бидејќи компаниите нема да можат да ја платат високата цена за енергенси и голем број од нив ќе банкротираат, ќе пропаднат, а многу работници ќе останат без работа.