Бурни реакции во јавност предизвика присуствувањето на двајца заразени пратеника со Ковид-19 во Собрание. Беше или не законско нивното присуство во Собрание и дали направиле кривично дело со непочитување на мерката за домашна изолација?
Правниците со став дека пратениците извршиле кривично дело.
„Пратениците кои присуствуваа не го почитувале мерката за изолација. Сетете се само како го напаѓаа Максим Димитриевски, градоначалникот на Кум. лани ова време кога напушти изолација за да се тестира во Скопје“, рече прваникот Гордан Калајџиев.
Аналитичарот Тортевски вели дека пратениците треба да дадат оставка.
„Бисера ќе беше херој да поднесеше оставка во парламентот и на нејзино место да дојдеше друг пратеник. Вака, патетики, херојство, жртвување….“, посочи Александар Тортевски
Прашавме во Обвинителство дали ќе покренат кривична пријава за двајцата пратеника. Од таму кратко ни одговорија дека ќе делуваат според нивните надлежности.
„До овој момент до Јавното обвинителство не е пристигната кривична пријава за настанот за кој покажувате интерес. Обвинителството ги следи сите информации и ќе постапи согласно своите надлежности“, соопштија од ОЈО.
Прашавме и во МВР дали ќе има кривична пријава за двајцата пратеника, но досега не добивме одговор.
Од Собрание ни рекоа дека нивното присуство било со дозвола од КЗБ, но во протоколот на Собранието не е предвидено пратеници кои се позитивни со Ковид-19 да учествуваат на седница.
„Овој протокол е во врска со тие пратеници кои се во домашна изолација и немаат симптоми на Ковид-19, кои во посебни услови и со превентивни мерки, можат да учествуваат на собраниска седница и да го реализираат нивното право за гласање во еден од кабинетите во Големата хала“, стои во протоколот.
Инаку од почетокот на пандемијата илјадници граѓани се казнети по 2000 илјади евра од Обвинителството за непочитување на мерката домашна изолација.
