Декември, знак прашалник за старт на преговорите – Владата со надеж, но и песимизам

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот е полн со надеж, но истовремено и со прашалници дали ќе започнат пристапните преговори за ченство во ЕУ. Поради ветото кое може да го стави Бугарија, не може да даде конкретен одговор за тоа дали во декември конечно ќе почнат преговорите.

Тој, вицепремиерот Димитров и шефот на дипломатијата Османи денеска одржаа онлајн средба со претседателот на Европскиот совет, комесарот за проширување, потпретседателот на Европската комисија и претседателот на парламентот со кои зборуваше за надежите на Скопје.

Европскиот врв очекува дека сепак ќе се одржи првата меѓувладина конференција, вели претседателот на Владата.

Но покрај надежите, постои и песимизам за декември.

Лидерите на ЕУ, прашањата меѓу Македонија и Бугарија ги гледаат како билатерални, вели Заев, додавајќи дека тоа не значи дека нема да има обид за наоѓање решение. Премиерот вели дека ќе направат се за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија. Меѓу другото им пренеле на на европските функционери дека владата останува посветена на добрососедството, согласно договорите, како со Грција така и со Бугарија.