Денес облачно со засилен ветер, температурите до 22 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд на истокот од земјава. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, особено изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.