Денеска почнува Европското првенство во фудбал, еве кои се најголемите фаворити за освојување на пехарот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европското првенство во фудбал почнува вечерва во мечот помеѓу домаќинот Германија и Шкотска. Дуелот ќе се игра во Минхен, со почеток во 21:00 часот.

Ќе има неколку интересни мечеви во групите на ЕП, а најинтересна група е Б во која учествуваат Италија, Шпанија, Хрватска и Албанија.

Од балканските земји, учествуваат и Србија и Словенија.

Најголеми фаворити за освојување на пехарот е селекцијата на Англија, на која и се даваат најголеми шанси. Следува Франција, а после неа домаќинот Германија, потоа Португалија и Шпанија.