реклама

Џафери го поддржува зголемувањето на мнозинството – најдоцна до јуни или јули треба да почне процесот за уставните измени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Иако е веќе крај на јануари, во Собранието тешко се собира кворум за работа и се повеќе се чувствуваат меѓусебните превирања во пратеничката група на ДУИ, но и случувањата со новите преговори за влез на Алијанса за Албанците во владејачкото мнозинство.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите рече дека обврска на секој пратеник е да доаѓа на своето работно место и дека се е оставено на нивната совест.

реклама

Сепак не сакаше да зборува за тоа дали има најава дека пратениците од таканаречената огнена група на ДУИ заедно со пратениците на Алтернатива ќе формираат своја пратеничка група. Но, во однос на влезот на Алијанса за Албанците во власта рече дека го поддржува. 

„Секоја поддршка за зголемување на мнозинството во работата на Собранието е добредојдена.  Од тие информации што ги имам, секако дека очекувам дека наскоро би можело да има зголемување на парламентарното мнозинство. Не мислам дека нови избори ќе ги решат проблемите, мислам дека само уште повеќе ќе го искомплицираат“, вели Талат Џафери.

Зацврстувањето на парламентарното мнозинство сепак нема да биде во насока на прибирање на потребното мнозинство за уставните измени, туку за осигурување на владејачкото мнозинство. Засега и нема најава дека во Собранието ќе почне процес за отворање на Уставот иако претходно беше најавено дека тоа би требало да се случи овој месец.

„Крајниот рок за да се отвори процесот е јуни или јули и тогаш би можело да се стигне со уставните измени доколку тие одат по забрзана постапка. Јавната дебата почнува откако ќе се утврди текстот на амандманите“, додава Талат Џафери.

реклама

По вчерашната седница на Советот за безбедност, Џафери рече дека безбедносната состојба во земјава и стабилна но дека постојат влијанија од трети страни, за кои рече дека надлежните институциите треба да постапуваат во однос на тоа.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама