реклама

Џафери од Тетово со порака до „огнената група“ – Ахмети за „европскиот фронт“ и патот кон ЕУ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Во Тетово нема „огнена група“, па затоа Талат Џафери рече дека нема да зборува на оваа тема, бидејќи така му ветил на првиот човек на ДУИ, Али Ахмет, но на крајот сепак реши да им испрати порака.

„Почитуван командант, иако на почеток реков дека…треба на „огнената група“ да им испратам една порака…што да правам сега. Нормално е во секој субјект да има некаков оган, но тие не излегле од себе, за жал кај нас се обидува огнот да излезе од себе. Добро е и неопходно е да се освестат и да сфатат дека ова куќа не е лична куќа на Али Ахмети, не е лична куќа на Талат Џафери, не е куќата на наставникот, Теута, Невзат или на некој друг, туку е куќа на албанскиот народ во Северна Македонија и народот нема да ја уништи таа куќа“, вели Талат Џафери.

Од друга страна, лидерот на ДУИ, Али Ахмети воопшто не зборуваше за огнената група, туку за патот кон ЕУ. Според него, сега е време за создавање „Европски фронт“ кој ќе го забрза и скрати патот кон ЕУ.

„20 години се обидуваа политичките партии, 14 или не знам колку политички партии досега се регистрираа и се одјавија и ниту една партија не успеа да ја порази ДУИ. Сега ние сакам да се отвори нова ера за Албанците. Да создадеме фронт за да ја забрзаме постапката  за од претсобјето да влеземе во собата на ЕУ. Ајде да станеме фронт во оваа мисија која е толку важна за наше добро“, вели Али Ахмети.

реклама

Ахмети ги продолжува и вечерва средбите со граѓаните и ќе се сретне со жителите на село Селца.„Огнената група“ вечерва ги продолжува средбите со граѓаните во Куманово.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама