Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска на прес-конференција истакна дека државата ќе организира хуманитарни летови за 2.300 граѓани да се вратат дома, во Македонија. Но, притоа, ќе мора да минат во државен карантин.
„Министерството за надворешни работи пред неколку дена упати апел до нашите граѓани кои се затечени и кои им треба помош и поддршка за да си дојдат дома. Пријавени се 2.300 граѓани, главно од земји од Европа.
Вчера на вечерната владина седница разговаравме и Владата донесе одлуки и заклучоци. Не задолжи нас како министерство, да оргнаизираме хуманитарни лекови за да си ги донесеме граѓаните дома. Се формираше тело кое ќе организира државен карантин, и ќе го зголеми капацитетот. Што значи ова? Врз основа на ова на законските прописи на јавното здравје, владата одлучи сите граѓани што ќе дојдат во поголеми групи со тие хуманитарни летови, ќе бидат во задолжителен карантин во траење во минимум од 15 дена“, рече Димитров и апелираше ако има и други кои не се пријавиле, да го сторат тоа до утре до 18 часот за да може да бидат организирани тие хуманитарни летови.
