Министерот за надворешни работи Никола Димитров, истакна дека министерството веќе поднело барање до неколку земји да го продолжат престојот на наши граѓани, без никакви правни последици.
„Како што знаеме, во земјите во ЕУ 90 дена е престојот, веќе упативме барање до земјите, да немаат правни последици од пречекорувањето. Дел од земјите веќе носат соодветни одлуки, и истовремено работиме во делот на регулативата што ја донесе ЕУ која се затвори за луѓе кои не се државјани за земјите членки на ЕУ. Тука исклучок е за луѓе во транзит на пат кон дома. Има проблеми во имплементацијата во оваа одлука, и ќе направиме се што можеме да се вратат дома“, рече Димитров.
