Додека Заев одговорал на пратенички прашања, Боки 13 и Ременски коментирале за Кики и Фрики

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Последен петок од месец јуни, во Собранието резервиран за пратенички прашања. Пратеничката Фросина Ременски и Бојан Јовановски си испраќаат пораки преку WhatsApp, додека на собраниската говорница е тогашниот премиер Зоран Заев, кој одговара на пратеничко прашање од Антонио Милошоски.

Ф.Р: Антонио постави прашање во Собрание, слушај одговор…

Б.Ј: Што?

Ф.Р: За Коки, сега одговора З.З, на трет канал МТВ

Б.Ј: Слушам, што одговори?

Ф.Р: Бог да чува

Б.Ј: Уште прашува

Ф.Р: COOL

Б.Ј: Он кажува дека има истрага цццц

Б.Ј: Направи катастрофа

Ф.Р: ?

За каква катастрофа пишува Јовановски во судница денеска не беше откриено бидејќи судењето заврши.

Неколку месеци претходно, 8-ми јануари 2019 година,  Дејан Панделески, син на Цветан Панделески, газда на „Пелистерка“ му пишува на Боки 13, „Види за тато“, по што Боки му враќа „Чекам инфо ќе те барам“.

Комуникацијата продолжува и во наредните денови и месеци. Боки му најавува на Дејан дека ќе бидат повикани адвокатите во СЈО, на што Дејан враќа дека обвинителката Лиле Стефанова не дава согласност.

На 02.04.2019, Боки му препраќа на Дејан документ за Цветан Панделески, а на 08.05.2019 Дејан му пишува Боки: „Ќе имаш од мене 5 милиони, тоа е максимум“.

За време на сведочењето за „Рекет“ обвинителката Лиле Стефанова, која ја води „Империја“,кажа дека Јанева многу повеќе се обидувала да влијае за Цветан Панделески отколку за Орце Камчев.

Два дена пак откако Боки 13 заедно со Кичеец ги земал торбите од кај Камчев, отишол на шопинг во Милано и потрошил 148.000 евра.

Неговиот адвокат рече дека ќе бараат повторно укинување на притворот бидејќи Јовановски имал карцином на желдуник.

„За анализа се земени 8 парчиња и утврден е карциом, односно рак на желудникот. Се очекува повторно утврдување на оваа фактичка состојба, но ова докажува во каква здравствена состојба се наоѓа Јовановски. Обвинетиот, видовте и денес, не е во состојба да го следи судењето. Човек кој постојано повраќа крв и не е во состојба да го прати судењето, не може да се одвива фер судење. Затоа ќе се бара преиспитување на мерката ефективен притвор и замена на таа мерка.“, вели Дуковски.

Пред почетокот на денешното рочиште, Јовановски вербално ја нападна обвинителката Вилма Рускоска во судница викајќи дека таа е виновна за неговата состојба и дека за се господ ќе и врати.

Прв ден во судница денеска се презентираше комуникација обезбедена преку вештачење на мобилниот телефон на Бојна Јовановски кој пак рече дека ка комуникацијата со Ременски недостасувале пораки и побара ново, целосно вештање за како што вели тој да се дознае вистината за „Рекет“.