Договорот за минерали не е потпишан, соопшти Белата куќа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Договорот за ретки минерали предложени од САД меѓу САД и Украина не е потпишан, според портпаролот на Белата куќа.

Претходно денеска, Трамп рече дека двајцата ќе го потпишат за време на нивната заедничка прес-конференција, која подоцна беше откажана, откако средбата меѓу Трамп и Зеленски во Белата куќа се претвори во вистинска расправија.

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски им рече на новинарите дека разговарал со Владимир Путин „пред неколку дена“, додавајќи дека верува оти рускиот претседател сака да постигне договор за ставање крај на војната во Украина.