ДПК: Опозициските партии не гласаа за дислокација на казината – ЕСП: Законот е параван за криминалот и корупцијата на ДУИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Движењето против коцкање го поздрави изгласувањето на Законот за игри на среќа, кој предвидува дислоцирање на казината најмалку 500 метра од училиштата. Од таму велат дека се зачудени зошто само 55 пратеници гласале „за“.

„Се спомнуваат три партии што гласале, во другиот дел се оние кои не гласале и се знае кои се тие опозициски партии, се плашам да не згрешам, првата е ВМРО-ДПМНЕ, втората е Беса, трета е Алтернатива, потоа доаѓаат новите партии кои веројатно нема да можам ниту да ги набројам затоа што се појавија многу други партии. Генерално, станува збор за опозициски партии и една партија на власт“, вели Џемал Абдиу.

Ја прашавме албанската опозиција зошто не гласаше за законот. Од таму ни рекоа дека не присуствувале поради тоа што ја бојкотираат работата на законодавниот дом, поради тоа што не им го даваат местото на 7-миот член во ДИК.

„Ние не учествуваме во работата на Собрание кое не го почитува елементарното право на опозицијата – членот во ДИК. Што се однесува до законот, тој е само параван за криминалот и корупцијата на ДУИ. Ние сме за целосно затворање на казината“, велат од ЕСП.

Од Движењето против коцкање сметаат дека донесениот закон не е идеален, но, како што велат, барем е добар почеток. Апелираа до албанските лидери да се сретнат со колегите од Албанија и Косово кои ги преместија објектите за игри на среќа од населените места.