Полицијата во Хрватска во текот на ноќта добила телефонски повик дека неколку луѓе се наоѓаат во реката Сава, на подрачјето помеѓу местата Штитар и Бабина Греда.
– Полициската управа Вуковар-Срем утрово, 1 април 2026 година, во 01:42 часот добила телефонска пријава дека има неколку лица во реката Сава помеѓу Штитар и Бабина Греда“, стои во соопштението.
За пронаоѓање и спасување на луѓе, на местото на настанот итно беа испратени полициски патроли, полициски чамци и беспилотни летала, а веднаш беа вклучени и Цивилната заштита, Хрватската крајбрежна стража, Полициската станица Жупања и Службата за итна медицинска помош. Пребарувањето и спасувањето на луѓето е во тек – се вели во полициското соопштение.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
