Дрво падна врз жена која се движеше по тротоар, силен ветер попладнево во нашата држава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жена остана заробена под гранките на дрвото кое паднало врз неа кога почнало силен ветер во Скопје.
Случајни поминувачи, а потоа и пожарникарите успеаја да ги тргнат гранките а потоа со брза помош жената беше пренесена во болница.

„Вака изгледа булеварот „Св. Климент Охридски“ каде поради силниот ветер, како што можете да видите, падна дрво, а гранките паднаа врз една жена која веднаш беше испратена со амбулантно возило на Ургентен.“, вели репортерката на ТВ21, Фазиле Халили.

Контактиравме со Ургентниот центар во Скопје за да ја дознаеме состојбата на повредената, но одговор не добивме.

Корените на ова дрво биле во кафуле во близина на тротоарот. Дрвото кое паднало зафати дел од булеварот, од каде освен што една жена беше повредена, оштетен е и автомобил. Мери Трајаноска, сопственичката на овој автомобил, за ТВ21 изјави дека случајот ќе го пријави во полиција.

Силниот ветер предизвика штети и во некои други делови на главниот град, каде што скршените гранки од дрвја ги блокираа улиците.

Инаку, од силното невреме беа опфатени и повеќе земји од регионот, како Словенија, Хрватска, Србија, БиХ и Црна Гора.