„Држава што угнетува, е држава што силува“, марш за правата на жените, со поддршка од мажите и од политичарите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 11:30 часот започна собирот на плоштадот „Филип Втори“, со полициско обезбедување, а ги пречека и екипа од Британската амбасада на чело со амбасадорката Рејчел Галовеј. Откако пристигнаа сите, започнаа со скандирања.

Маршираа кон Камениот мост држејќи транспаренти со натпис „Јас сум со неа“, “Хомофобите ги мразат и жените“, “Феминизмот не е срамен збор“, “Семејната вредност, тепање и молчење“, “Ти не си виновна“

Поминаа низ трговскиот центар и стигнаа до паркот „Жена борец“.

Присутни беа и членови на невладини организации. Мира Цветковска од „Хера“ рече дека на овој ден се обидува да им го привлече вниманието на оние кои секој ден или барем само денеска ги поддржуваат жените.

Хелсиншкиот комитет имаше неколку барања.

И на овој марш присутни беа политичарите.

А за да ги испровоцираат нив, во центарот на Скопје имаше и изложба со фотографии од лидерските средби.

Организаторите на средбите гледаа само кравати, и прашаа – вие што гледате?

„Ние како Центар за еднакви можности видовме потреба за подигање на свеста за застапеност на жената во политиката. Значи не сакаме жените да бидат само квоти или бројки, туку да имаат одлучувачки позиции“, рече Дилара Амети.

За разлика од минатиот марш, оваа година беше забележано зголемено присуство на мажи.