Државен пазарен инспекторат за ТВ21 со детали за акцијата во познат угостителски објект во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат за ТВ21 истакна детали околу вчерашните акции низ Македонија каде биле затворени неколку локали поради непочитување на протоколите.

„Така беше во Скопје Север, Волково, едно во Прилеп, еден објект во Македонски Брод“, посочи Котели.

Таа истакна и детали околу синоќешната акција во познат угостителски објект на булеварот Илинден.

„Во обид да направиме надзор за почитување на протоколите околу 20:30 часот при влез во локалот се соочивме со толпа народ која што масовно излегуваше од објектот, што значи дека Пазарниот инспекторат воопшто не влезе внатре во локалот. Видовме дека веднаш дојдоа припадници на Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат се упати на друга локација“, посочи Котели.

Според новите информации од МВР две лица се уапсени.

ТВ21 вчера објави за акцијата во познат угостителски објект на булевар Илинден каде беа присутни пет полициски возила и екипи на пазарниот инспекторат.