ДУИ изборната кампања ќе ја започне во Гостивар, а на истото место и ќе ја заврши

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ДУИ својата изборна кампања за претстојните локални избори ќе ја започне во општина Гостивар, додека пак на истото место и ќе ја заврши.

Ова на прес конференција го истакна Крешник Бектеши.

Тој ги повика и сите политички партии да ги почитуваат пропишаните протоколи против ширењето на ковид-19, a додаде и дека како партија покажале дека ги почитуваат мерките.

Изборната кампања за Локалите избори 2021 закажани за 17 октомври ќе почне утре (27 септември) и ќе трае 20 дена пред денот на изборите.

Кампањата завршува на 15 октомври на полноќ.

Инаку, на Локалните избори 2021 првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуални неправилности при гласањето.