ДУИ и СДСМ ја прифатија резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии на Македонија во преговорите со Бугарија, изјави премиерот Зоран Заев. Но, додава дека во документот треба да се вметне новото уставно име на државата и да се утврдат неколку формалности.
Артан Груби вели дека Албанците најдобро знаат што значи оспорување на јазик и негова употреба, па затоа даваат поддршка за Резолуцијата.
По неколкудневен молк, денеска со реакција излезе и Алијанса за Албанците. Не открија дали ја поддржуваат резолуцијата или не, само рекоа дека очекуваат да ги слушнат сите аргументи на партиите во Собрание каде потоа ќе ги соопштат и нивните ставови по ова прашање.
-Дискусијата околу ваквите теми не може да се одвива преку прес-конференции во седиштата на партиите, туку, потребна е вистинска дебата во највисоката законодавна институција во земјата. Да ги слушнеме сите детали, аргументите на партиите во Собранието и таму ќе ги соопштиме нашите аргументи и ставови-велат од Алијанса.
Повторна реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Бараат и СДСМ и ДУИ да не бараат изговори, туку да ја поддржат Резолуцијата во Собрание.
-СДСМ и ДУИ да не наоѓаат изговори и да ја поддржат Резолуцијата. Без донесена Резолуција Заев не смее да преговара со Бугарија. А тој веќе навестува дека низ собраниска процедура ќе ја кочи Резолуцијата, а со тоа работи единствено на штета на Македонија-соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Резолуцијата која се однесува на државните линии во преговорите со Бугарија се бара преговорите да се водат рамноправно и начелно и да се почитуваат сознанијата на македонската
