Дујовски и Нацев: Во случаите со тетовската болница не треба да се меша политика

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Никола Дујоски и Александар Нацев на гостувњето во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва кажаа дека со случаите со тетовската болница не смее во никој случај да се меша политиката, и дека мора најпрво да се најде виновникот за сечењето на доводот за кислород и да одговара, а потоа да се испита и случајот со пожарот.

„Очекувам кривични пријави за оној кој го прекина доводот на кислород, а потоа апсолутно може да биде поврзан со овој случај со пожарот, но ајде да почекаме.

Добро е што се превенира, добро е што имаше совесен медицински персонал. Во овој случај уводот на лице место да ги даде елементите на кривичното дело. Не смее да се меша политика во никој случај во двата случаи. Ако се утврди вмешаност, треба секој да одговара. Но некогаш станува збор за вишок сила. Еден мал прекин во електричната енергија може да предизвика пожар. Тоа да не го заборавиме“, рекоа гостите.

Целата изјава низ видео: