Два силни земјотреси во Тибет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Два земјотреси со јачина од 4,9 и 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска го погодија округот Тингри во Тибет, соопшти Кинескиот центар за земјотреси.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета, пренесе Ројтерс.

Тибет минатата недела беше погоден од земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер, при што загинаа 126, а беа повредени 337 лица.