Двегодишно девојче упадна на прес-конференцијата и го украде центарот на вниманието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Близнаците од МИНЕСОТА го победија Бостон Ред Сокс во четвртокот, но луѓето веќе го заборавија тоа и нема да престанат да зборуваат за ќерката на менаџерот на тимот Роко Балдели.

Имено, Балдели на прес-конференцијата ја донесе својата двегодишна ќерка Луиза на која проговори за победата на тимот.

Сепак, малото девојче почнало да му го подава на тато секој бејзбол што ќе го најде во собата. Таа постојано упаѓаше во рамката и му ја додаваше топката на нејзиниот татко, а тој секој пат и се заблагодаруваше.

„Бебето Балдели сакаше да игра за време на прес-конференцијата на тато“, се вели во насловот на Твитер за симпатичната ситуација.