Еден загинат и неколку повредени во сообраќајка меѓу трактор и два автомобили во Кавадарци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Една жртва  и други повредени има во тешката  сообраќајка вечерва  помеѓу трактор и два автомобила во Кавадарци.

Од Итната медицинска помош потврдија за МИА дека засега со сигурност може да се каже дека има една жртва, а точниот број на повредени засега не може да се каже.

Портпаролот  на СВР Велес, Верољуб Додевски рече дека во тек е увид на лице место и засега не може да каже повеќе детали.