Един Растодер и Ерол Шаќири нови водители на „Click Plus“ на ТВ21: Постоиме шест години, станавме медиум на кој гледачите му веруваат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уредниците Един Растодер и Ерол Шаќири се новите водители на „Click Plus“ на ТВ21.

„Постоиме шест години, една од најмладите телевизии сме, но првичната цел, примарната ја исполнивме. Станавме медиум за респект, еден од највлијателните во државата и еден на кому најмногу му веруваат гледачите“, истакна Растодер.

Шаќири посочи дека ТВ21 преку Click Plus ќе продолжи со истото темпо секогаш да ги доловува главните и суштински теми кои ја интересираат јавноста преку квалитетни и соодветни гости.

Инаку, денеска ТВ21 прославува шест години постоење.