Како што знаат повеќето жени, последните месеци од бременоста се тешки и болни. Со оглед на тоа што жената носи дополнителна тежина, не е изненадувачки што грбот на идната мајка е болен.
За таа цел тик-токерот @daddynewb сподели едноставна техника што и овозможува олеснување на идната мајка.
@daddynewb find a pregnant lady and hold her belly ##fyp ##duet ##NewYearNewMio ##pregnant ##parents ##parentsoftiktok ##husband ##dad ##family
♬ original sound – daddynewb
„Ако сакате да и направите услуга на бремена жена, нежно подигнете го нејзиниот стомак. Ќе држите 5-7 килограми, а потоа кога ќе е подготвена, нежно спуштете го стомакот”, посочи тој во видеото каде објаснува за што станува збор.
Видеото досега собрало повеќе од три милиони прегледи и 10.000 коментари.
„Гледајќи ја како го исправи грбот, се сеќавам дека тоа е најдоброто чувство на светот“, „Можете да го видите олеснувањето на нејзиното лице“, се само дел од коментарите.
