Екс директорот на ЕСМ Васко Стефанов со лисици спроведен во Кривичен суд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ утрово со лисици на рацете беше спроведен во Кривичен суд. Тој е еден од 23-цата осомничени за криминал во Електрани на Македонија, во износ од 6,5 милиони евра.

Стефанов беше надвор од земјава кога се спроведуваше акцијата, а вчера беше приведен на граничниот премин Табановце.

Главниот осомничен Васко Ковачевски и натаму не е достапен за органите на прогонот. Ковачевски е се уште во бегство, и како што вчера објави ТВ21, пред 1 месец тој се откажал од македонското државјанство и земал друго, најверојатно српско државјанство.

Вчера премиерот Мицкоски кажа дека се надева на брза екстрадиција на Ковачевски.