Во експлозија на автобуска станица во словенечкиот град Целје, повредени се најмалку две лица, соопшти словенечката полиција.
Според првите информации, експлозијата се случила во 12:30 часот. Најверојатно станува збор за дефект на гасовод.
Полицијата и обвинителството ја истражуваат несреќата, а граѓаните се замолени да не приоѓаат на автобуската станица.
Од одделението на цивилна заштита и помош во случај на катастрофа истакнаа дека патот е затворен, а областа е затворено до неопределено време.
