Експлозија во Загреб: Уништена куќа, на едно лице му е укажана итна медицинска помош

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јавната противпожарна бригада на градот Загреб примила пријава за експлозија на адресата Козари околу 12 часот.

Детонацијата предизвикала значителна штета на објектот , а на едно лице му била пружена итна медицинска помош , објави Загребската канцеларија за управување со итни случаи. 

Во интервенцијата учествувале 15 пожарникари и четири противпожарни возила.

Покрај пожарникарите, на терен се и полицискиот оддел Загреб. Како што се испостави, веројатно станува збор за експлозија на гас. 

Во тек е полициска истрага.