Енергетската криза, тема на Советот за безбедност – „Оваа зима, есен и пролет ќе бидат најтешки по втората светска војна“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Димитар Ковачевски и  Претседателот СтевоПендаровски на седница на Советот за безбедност на која се разговараше за енергетската криза, мерките и начините за справување со истата повторија дека следува најтешката зима во поновата историја.

-Нарушената безбедност на европскиот континент зарди војната во Украна предизвика тектонски промени и неколку кризи кои се чусвтвуваат во повеќе сектори. По пандемијата сега сме соочени со голема еконосмка и енергетска криза, изјави претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Премиерот изјави дека Владата преку антикризни мерки ефикасно се справува со кризата која трае подолго. Како што вели овозможиле ценовните шокови да се ублажат и за граѓаните и за стопанството. Но, на светско ниво ситуацијата е алармантна, цените на берзите се превисоки. Постои проблем со недостаток на електрична енергија. Изминатава недела рече тој не бил  во Белград на Самитот на отворен Балкан само за винската извозна и услужна дејност во економијата туку и за две важни прашања.

„За енергетската криза и потребите за нашата држава и за нашите домашни обврски кон граѓаните за храна и прехранбени прозиводи. Анализите и соодвеното превземање акција е клучно. Оваа Влада го знае тоа и од првиот ден работиме на справување со овие предизвици“, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски искатакна дека ЕСМ ќе го зголеми прозводството за електрича енергија за 25%. Ќе има 24 часовна достапност на струја и ќе се задржи евтината струја. Компаниите ќе плаќаат поевтина струја од берзанските цени. Рестрикции за сега вели Ковачевски нема да има. Акомулациите на хидроцентралите се на 50% заради климатските промени и сушата. Ќе мора вели со државите од соседството да се обезбеди логистичка поддршка за транспорт на суровини, бидејќи сите земји се излезени на пазарот за јаглен и мазут што предизвикува недостаток на транспортни средства во регионот како и енормното покачување на транспортните трошоци.

Покрај мерките за штедење, премиерот ги замоли граѓаните да не копаат крипто валути, бидејќи електричната енергија е субвенционирана.