Ерменија усвои нацрт-закон за почнување процес за членство во ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ерменскиот парламент денеска усвои нацрт-закон за започнување на процесот за пристапување на овааземја во Европската унија.

Усвоен во последното читање со 64 гласа за и седум против, текстот ја повикува ерменската влада да го иницира процесот.

Во оваа поранешна советска република, расте недовербата кон Русија, историски сојузник кој сè уште има воена база на ерменска територија.

Ерменија исто така ја критикуваше Москва за недостаток на поддршка во конфликтот со Азербејџан, којa есента во 2023 годиnа, повторно го зазеде регионot Нагорно-Карабах кој беше контролиран од сепаратистите три децении.

Се смета дека ова е пресвртната точка, по која Ерменија се сврте кон Запад, а серијата потези што земјата ги презеде потоа се окарактеризирани како „нож во грб“ на рускиот претседател Владимир Путин.