Европската комисија: „Мета“ не ги штити доволно децата, прекршен Законот за дигитални услуги

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европската комисија соопшти дека компанијата Meta Platforms не презема доволни мерки за спречување на пристап на деца помлади од 13 години до социјалните мрежи Instagram и Facebook.

Според Комисијата, иако во општите услови на користење е наведено дека овие платформи не се наменети за лица под 13 години, сепак постојните механизми не успеваат ефикасно да го ограничат нивниот пристап. Поради тоа, Европската комисија утврдила дека „Мета“ го прекршува Законот за дигитални услуги на ЕУ (Digital Services Act).

Проценките покажуваат дека околу 10 до 12 проценти од децата под 13 години во Европската унија користат „Инстаграм“ и/или „Фејсбук“, што, според Брисел, укажува на сериозни пропусти во системите за заштита.

Дополнително, Комисијата оценува дека компанијата ги игнорирала научните докази кои укажуваат дека помладите деца се поранливи на потенцијалните штетни влијанија од користењето на ваквите дигитални услуги.