Од СДСМ потврдија дека одржуваат редовни средби со Демократската унија за интеграција, но не соопштуваат детали дали на ДУИ и понудиле да оди со заеднички кандидат за претседател, со заеднички листи на парламентарните избори, а да нема премиер Албанец за време на техничката влада. Планирано е во оваа понуда да се вклучи и Алијанса за Албанците. Како што велат од СДСМ, меѓу нив и ДУИ како партнер на коалицијата има редовни средби, а разговорите ќе продолжат и во иднина.
„Помеѓу СДСМ и ДУИ има редовни средби, тоа е во сферата на меѓу коалициските разговори на партнерите. Сите опции се отворени но, се уште рано за детали, а разговорите ќе продолжат и во иднина.“, велат од СДСМ.
Заеднички настап на парламентарни избори не е нешто ново. Ова во интервјуто за ТВ21 го најави и првиот човек на ДУИ Али Ахмети.
„Подготвен сум за една листа. Односно сите албански партии на една листа, и денес тоа е техника.“, вели Ахмети.
Сите политички субјекти со вас?
Ахмети: Со нас, со нас, но секој со својата автономија. Подготвени сме овој фронт за Европа, да влеземе и со македонска партија, во случајов СДСМ.
Според информациите на ТВ21, ДУИ во моментов не сака да се откаже од албанскиот премиер во последните 100 дена од мандатот. Ахмети пред неколку дена потврди дека кандидатот за албански премиер ќе биде од редовите на ДУИ. Од друга страна, Алијансата за Албанците постојано инсистира да оди сама на избори.
Но, колку е прифатлива оваа понуда? Според познавачот на политички прашања Џељал Незири, ова е едноставно мерење на пулсот на мислењето, но и на подготвеноста на ДУИ и Аа за предизборна коалиција.
„Не мислам дека оваа понуда ќе доведе до таква коалиција како што бара СДСМ. Наместо тоа, мислам дека тоа е мерење на пулсот во јавното мислење, но и мерење на расположението на ДУИ и АА за тоа дали се подготвени да започнат сериозен процес на преговори за формирање предизборна коалиција. Сите овие активности на политичките партии ќе бидат почести во наредниот период, но не можеме да предвидиме какви резултати ќе имаат овие преговори или активности.“, кажа Незири.
Инаку, според неофицијални извори на ТВ21, во случај на реализација на планот да се здружат на избори, ДУИ би го зазела носителот во 6-та ИЕ, АА второто место. Во ИЕ 1 и 2 носителот на листата би го имала СДСМ, а втората позиција ќе биде резервирана за АА или ДУИ.
