Европските министри планираат заедничка посета на САД во знак на единство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европските министри планираат заедничка посета на САД после инаугурацијата на новиот претседател Доналд Трамп, со цел да покажат единство.

Идејата на министрите е да покажат европско единство, изјави еден од неименуваните дипломати.

Посетата се уште е во фаза на планирање, а датумот не е одреден.

Франција денеска реагираше по најавите на Трамп за заземање на контролата врз Гренланд, и истакна дека „ЕУ ќе реагира на секакво загрозување на нејзините граници“. Гренланд е автомономна територија која е под контрола на Данска.