Филипче потврди: Патникот од Дубаи нема коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, ги потврди најавите од ТВ21 дека пациентот од Дубаи е негативен на тестот за корона вирус.

„Благодарност до сите медиуми кои излегуваат во пресрет да информираме за новите случувања околу коронавирусот. Вториот случај кој го тестиравме на коронавирус е негативен. Станува збор за патникот од Дубаи кој бил таму, и кој се јави на инфективната клиника утринава.“, рече Филипче кој ги потврди мерките кои владата денеска ги превзеде за заштита од коронавирусот, како што се одложување на сите екскурзии, и задолжителна дезинфекција во училиштата и градинката.