Постојат многу претпоставки кај нас но и во светот како ќе се одвиваат работите со корона вирусот. Дали може да се даде точна прогноза за тоа што ќе се случува во периодот и колку ќе траат брановите во рамките на пандемијата. Министерот за здравство во синоќешната емисија на Клик Плус на ТВ21 рече дека ситуацијата во последните неколку дена се смирува со што притисокот на болниците сериозно е намален иако, како што рече сите се премногу внимателни коронавирусот кој е непредвидлив.
„Тоа што сега се случува кај нас е на некој начин едно намалување на притисокот на пациенти кон болниците. Значи за разлика од првите недели од месец ноември кога обезбедувавме нови одделенија, болнички кревети се празнеа, интерните клиники, обезбедувавме кревети за пациентите со ковид, сега практично бројот на примени е еднаков со бројот на испишани пациенти. И тоа спласнување го осеќаме тука во Скопје на интерните клиники но и во некои градови низ државата“, посочи Венко Филипче.
Филипче истакна дека здравствениот систем веќе почнува да се подготвува за вакцинирање, и тоа според министерот, ќе биде една од најголемите логистички операции.
„Ние веќе на ова поле сериозно работиме. Ги ангажиравме сите економски оператори кои и сега ги чуваат и дистрибуираат вакцините тие изразија максимална спремност да го поддржат овој систем. Искористени се сите вакцинални пунктови. Една американска фондација добивме една донација во фрижидери каде температурата е до минус 80 за да обезбедиме услови за чување за една од вакцините“, додава Венко Филипче.
Министерот Филипче најави парична награда во декември за сите кои работат со пациенти со коронавирус. Тој истакна дека со ребалансот на буџетот, се добиени добивме 100 милиони денари, а уште толку дополнителна сума ќе има од Светска банка. Таа сума ќе им биде поделена на сите лекари, болничари, транспортери, како награда во борбата против корона вирусот