Филипче: Свесен сум дека медицинските сестри во Инфективна клиника се исцрпени, и затоа дошло до комуникација на повисок тон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска пред медиумите зборуваше за ситуацијата со медицинските сестри кои најавиле отказ од Инфективната клиника. Тој рече дека сосема ги разбира, и дека се исрцпени, а тоа довело до комуникација на повисок тон.

„Од почетокот на оваа криза, здравствените работници, сите и доктори и сестри, лаборанти, техничари покажаа што значи да се има капацитет, добро да се менаџира ваква криза, каква што никоја земја не ја очекуваше. Ваква криза на површина вади многу проблеми, и со тоа се соочивме од почетокот на кризата.

Утрово се сретнав со медицинските сестри, тоа се едни од најискусните на клиниката за Инфективни болести, сега во 14 часот ќе имам средба со другите. Тоа се медицински сестри кои се присутни од кога постои зградаа, и претхно во бараките, кои посветено и пожртвувано се борат од почетокот на кризата со коронавирусот.

Свесен сум дека работат под притисок, дел од нив се исцрпени, често работат во 24 часа, и една стресна ситуација доведува некогаш и до немили ситуации како што бил случајот сега, комуникација на повисок тон. И утрово ми кажаа дека сега апслоутно сите жалат.

Ќе направам се да не дозволам било кој од јавното здравство да замине поради проблем кој може да менаџира. Се сложија дека ќе го искористат одморот, а потоа ќе се договориме за начинот на кој ќе бидат вклучени во битката со коронавирусот“, рече Филипче кој ги отврди шпекулациите дека медицинските сестри веќе биле договорени со приватна клиника.

„Разговаравме отворено за сите проблеми, истакнаа дека немаат друга алтернатива. Ги прашав дали планираат да одат во приватна клиника, рекоа дека таква работа не планираат. Бидејќи ако така одлучиле, тогаш ние не можеме да се мешаме. Но после годишните одмори, ќе разговараме повторно во обид да најдеме заедничко решение, и за начинот на кој ќе бидат вклучени во битката против коронавирусот.“, рече Филипче.