Филипче: За една година четири трансплантации на срце, неверојатен успех за македонското здравство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Утрово беше извршена и четврта трансплантација на срце во рок една година. Тоа за министерот Венко Филипче е неверојатен успех.

Еве што министерот напиша на Фејсбук.

„Во трансплантацијата на срце учествуваа тимови од Државната кардиохирургија предводени од проф. Сашко Јовев и од приватната болница Жан Митрев, предводени од академик Митрев, како и анестезиолозите од КАРИЛ на чело со др Маја Мојсова, Националниот координатор за трансплантација. Благодарност до колегите од сите клиники кои оваа долга ноќ работеа заедно со неверојатна посветеност. Здравствените работници се пример за тимска работа и соработка. За само една година имаме четири трансплантации што е неверојатен успех за македонското здравство.“, напиша Филипче.