Финишира петтиот пакет економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Гаши: Полесно е да се формира ново мнозинство, отколку да се зголеми владиното мнозинство

На прашање од политичките аналитичари вечерва во „Click Plus“ на ТВ21, околу тоа дали е можно да се направи...

Гаши: Би биле дел од Владата, но без ДУИ

Би биле дел од Владата на Заев но без ДУИ и прифаќање на неколку наши барања, велат од Алтернатива. „Доколку...

Гаши: Нема ниту еден пратеник од опозицијата кој ќе се приклучи на актуелното мнозинство во Собранието

Наши пратеници нема да преминат во владиното мнозинство, ниту пак имало преговори со СДСМ, рече вечерва ексклузивно во дебатниот...

Едномесечно бебе најмладата жртва од Ковид-19 во Грција

Бебе старо 37 дена е најмладата жртва од Ковид-19 во Грција, откако помина 17 дена приклучено на апарати на...

Гаши: Владата на Заев е во криза, не може со ова мнозинство да излезе од кризата

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши кој е во коалиција со Алијанса за Албанците на Зијадин Села дебатира вечерва во...

Се финализира петтиот пакет  економски мерки за помош на стопанството и граѓаните за справување со последиците од пандемијата со Ковид -19. Останува уште владините претставници да го презентираат пред синдикатите по што се очекува премиерот и економскиот тим на Владата во текот на наредните денови да го претстават пред јавноста.

Како што информира вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на вчерашната презентација во Владата на финалниот предлог на петтиот пакет мерки пред претставници на коморите, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог и билатералните комори во земјата, петтиот пакет содржи 30 мерки кои може да се поделат во четири столба: финансиска поддршка за исплата на плати и задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на компаниите и граѓаните, мерки за поповолно деловно опкружување и директна помош за граѓаните.

Тој потенцираше дека во предлогот се вклучени сите релевантни сугестии од страна на бизнис секторот, синдикалните организации и другите чинители во општеството, а главна цел на мерките е да одговорат на предизвиците со кои се соочува стопанството, како и да се обезбеди едноставна примена на мерките.

– Се обидовме максимално да одговориме на барањата на стопанството и граѓаните и да ги креираме мерките да бидат лесно применливи. Директната финансиска помош за исплата на плати ќе продолжи со петтиот пакет на мерки, а за оваа цел се креирани два модалитета, при што самите компании ќе одлучат кој модалитет сакаат да го искористат. Со вториот модалитет кој предвидува бескаматни кредити, со кој се таргетираат компаниите од најпогодените сектори, средствата освен за исплата на плати, ќе може да се користат и за други потреби на компаниите, рече Битиќи.

Министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за МИА посочи дека се при крај со подготовката и дизајнирањето на петтиот пакет економски мерки и наредните денови ќе бидат објавени и презентирани од страна на претседателот на Владата и економскиот тим.

-Сите мерки се дизајнирани во согласност и со дијалог со сите стопански комори, но и со работодавачите, работниците, вклучувајќи ги и синдикатите. Веќе се разговарани во детали и очекуваме наскоро да почнат и да се реализираат. За неколку од мерките кои се предвидени во петтиот пакет секако дека треба да има и законски решенија, имајќи предвид дека неколку од уредбите веќе се завршени, а дополнително на тоа согласно начинот на кој се дизајнирани мерките ќе треба да донесеме и нови закони, рече Бектеши.

Според него, од начинот на кој претходно се реализираа мерките може да се заклучи дека некаде во првата половина на март ќе имаат можност сите компании да аплицираат за различните мерките кои ќе бидат презентирани.

Во петтиот пакет, како што вели, наместо платежни картички за ранливите категории граѓани ќе се нуди опростување на каматите за заостанатите долгови постари од три месеци што ги имаат кон јавните претпријатија на локално и централно ниво

-Разгледавме неколку опции во Владата и побаравме различни предлози од страна на различни институции и невладини институции. Мерката ќе важи само за јавните претпријатија кои работат во рамки на општините и кај оние јавни претпријатија во кои 100 отсто е сопственик Владата. Да прецизирам ќе важи за сметките за вода, комуналии и другите сметки  кои директно се плаќаат од страна на граѓаните кон јавните претпријатија на централно или на локално ниво, посочи Бектеши.

Во моментов, додаде, разговараме и со други приватни компании за да можеме да обезбедиме некакви олеснителни околности во насока на бришење одредени камати, но тоа Владата не може да го спроведе кај приватни компании или, пак, кај компании кои над 50 отсто се во сопственост на приватни лица иако Владата може да има одредена малцинска сопственост или процент во одредени компании.

-Во првата фаза така ќе почнеме, а така одлучивме, бидејќи имаме информации од анализите што ги направивме дека одредени семејства и граѓани речиси имаат поголем долг врз основа на заостанати камати отколку што им е главницата на долгот и тоа го префрлуваат на наредните генерации. Затоа сакаме еднаш засекогаш да ги избришеме долговите врз основа на камати, а дополнително да им дадеме можност на граѓаните на 12 месеци да го репрограмираат основниот долг што е постар од три месеци, појасни Бектеши.

Во петтиот пакет покрај финансиската поддршка за исплата на плати се планирани и низа други мерки, за компаниите од туристичката дејност, транспортот на патници, индустријата за организација на настани, медиумите, занаетчиите, извозните компании, даночни и царински олеснувања, како и други мерки за одредени групи на граѓани, кои се директно поврзани со ефектите од ковид кризата.