Фиорентина ќе се судри со Вест Хем во финалето на Лигата на Конференции

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во драматична завршница, екипата на Фиорентина успеа да се пласира во финалето во Лигата на Конференции откако на гости го совлада Базел со 1:2, а потоа по продолженија даде гол буквално во последните секунди, за конечен триумф од 3:4 за италијанскиот тим.

Херој на Фиорентина е Антонио Барак кој во 129 минута стрелаше за пласман во големото финале, откако во регуларниот дел два пати погоди Нико Гонзалез. За Базел голот го постигна Амдуни.

Во финалето, Фиорентина ќе се судри со Вест Хем, кој и во вториот натпревар славеше над АЗ Алкмар и така со вкупни 1:3 се пласираше во финалето. Голот вечерва го постигна Фроналс во 94. минута.

Финалето се игра во Прага на „Фортуна Арена“ на 7. јуни 2023 година.