24-годишниот М.М од тетовско село Челопек, со калашников пукал во воздух по вербална расправија што ја имале претходно со неговиот сосед, јавива репортерот на ТВ21.

Случајот бил пријавен во полицијата. Полициските службеници веднаш излегле на местото на настанот и пронашле касети АК47 7,62 мм и три касети.

Полицијата во близина на местото на настанот пронашла и црна вреќа со марихуана.

24-годишникот со иницијали М.М бил спроведен во полициската станица за понатамошна истрага и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

