ФОТО: Сообраќајна несреќа во Бугарија – автобус од Косово удри во камион, 29 лица повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сообраќајна несреќа се случила утринава во Бугарија, кога автобус од Косово се судрил со камион во градот Ќустендил.

Повредени се 29 патници, од кои шест се деца.

Според бугарските медиуми, несреќата се случила околу 4.30 часот, кога патнички автобус удрил во застанат камион кој превезувал дрва.

Возачот на камионот наводно се обидел да им укаже на другите учесници во сообраќајот дека паднало дрво на патот.

Автобусот удрил во камионот и излетал од патот.

Возачот на автобусот се здобил со полесни повреди и бил пренесен во локалната болница.

Увид на лице место извршила полиција, а поради сообраќајната незгода е поведена постапка и за истата е известен обвинител.

ФОТО: struma.bg