Фотографија од шума ги збуни сите, никој не погоди за што станува збор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На фотографијата се гледаат сиви нокти на нозете кои peиркаат од под трупот, а многумина претпоставуваат дека припаѓаат на шимпанза, лангури, па дури и на горила. Но, сите одговори беа неточни.

Природата е врвниот творец и честопати сме изненадени како некои работи наликуваат на други. И на природата не и треба Фотошоп за да не изненади со сцена.

Откако минатата година Сузанта Нанда од индиската шумска служба објави фотографија од необичните прсти, неговиот пост брзо стана вирален хит на социјалните мрежи. Тој ги прашал корисниците дали можат да погодат за кое животно станува збор, а потоа започнале голем број претпоставки. На фотографијата се гледаат сиви прсти со нокти кои peиркаат од под трупот, а многумина претпоставуваат дека тие припаѓаат на шимпанза, лангури, па дури и на горила. Но, сите одговори беа неточни.

Откако никој не можеше да сфати за што станува збор, Нанда даде до знаење дека станува збор за печурки наречени прсти на мртов човек.

Тие добија невообичаено име затоа што изгледаат исто како прстите на мртов човек, а инаку растат од два на пет заедно. Тие се вообичаени во шумите и пошумените области и најчесто растат од паднати дрвја и скапани трупци. Ова се печурки за јадење кои не се консумираат поради нивната дрвена конзистенција, а има и во Хрватска.