Гаши: Моето обезбедување интервенираше за да се смири ситуацијата и да се избегне дипломатски скандал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот Африм Гаши се огласи по повод инцидентот на меѓународниот аеродром во Скопје со претседателката на Косово, Вјоса Османи.

„Јас не сум човекот кој може да каже што точно се случуваше. Јас само интервенирав во делот да се смири ситуацијата, да не се направи дипломатски скандал, и мислам дека сето тоа се заврши како што треба. Ако има пречекорување на овластите, секој, треба да одговара. Поинаку нема смисла правната држава ако не сме објективни и не ги почитуваме законите и протоколите. Моето обезбедување замина да се смири ситуацијата. И ако сака некој од ова да направи инцидент, тоа е до тие луѓе. Мојата заложба е да смирувам и да зближувам, а не да делиме и да правиме инциденти“, рече Гаши.