Во петок во Европа стигнува нагла промена на времето. Германија наскоро ќе се најде под влијание на арктичкиот студен бран, кој би можел да предизвика пад на температурите до -13 степени.
Така барем сега предвидуваат метеоролозите и предупредуваат за арктичкиот студ во Германија. Особено студени услови се очекуваат во сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија.
Метеоролозите претпоставуваат дека најпрвин ќе има мраз, а викендот повторно снег. Температурите во многу области се веќе малку над нулата – и очигледно станува постудено. Според досегашните пресметки на метеоролозите, и во наредните денови ќе биде прилично студено. Како ќе се развива арктичкиот студен бран во Германија во наредните недели и колку ќе трае се уште не е сигурно. Германските медиуми пишуваат дека возачите треба да бидат особено внимателни во наредните денови.
Од среда нов бран снег ќе пристигне во Келн и регионот. Прогнозите велат дека снежната линија значително ќе опадне од среда, а во Келн за помалку од 48 часа се предвидуваат нови 30 сантиметри снег. Во делови од Северна Рајна Вестфалија се очекува да наврнат и до 40 сантиметри нов снег, пишуваат германските медиуми.
ФОТО: Архива
