Германија воведе нови правила за влез во земјата за некои држави, Хонг Конг забрани летови од Британија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради силното ширење на делта сојот на коронавирус, германските власти ги засилија правилата за влез во земјата за некои држави.

Засега на таа листа се најдоа државјаните на Русија и на Португалија. Од полноќ германските авио, автобуски и железнички превозници, може да превезуваат од Португалија и од Русија само германски државјани, или странци со престој во Германија.

Поради делта сојот, Хонг Конг од денеска ги забрани сите летови од Велика Британија.